Објавено на:

Тешка сообраќајка кај Колари, повредени осум лица

t

Осум лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале три возила: „Мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управуван од Х.Б.(26) од с.Колари, „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки управуван од Л.А.(76) од с. Зајас и „Рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.И.(52) од Скопје.


-По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка кај Колари, повредени осум лица

Осум лица од кои две потешко се…

Општина Кисела Вода донесе повеќе одлуки и…

Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување…

(Фото) Саниран деликатен дефект поради кој дел…

Во текот на вчерашниот ден теренските екипи…

Топланата Скопје Север и натаму без греење…

Корисниците на топланата Скопје Север и денеска…

Известување од ЈСП: Во следните 3 дена…

ЈСП Скопје информира дека утре, четврток (6.01.2022 год…