Тивко живееше, тивко си замина: Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори

t

По долго боледување од рак на белите дробови, почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејчката Маријана.

По тој повод, нејзината сестра, Росана, со емотивна објава се прости од Новачевски.


Нашиот композитор, еден и единствен. Човек кој ни ги подари најубавите евергрини на сите времиња, скромен, голем, татко на моите внуци си замина во вечноста. Сега заедно со нашиот брат горе некаде нека компонираат, музицираат бидејки музиката им беше живот. Голема благодарност и почит до него. Спомените за него и неговите песни секогаш ќе бидат во моето срце. Тивко живеесе, тивко и си замина. Почивај во мир, мој Тоде – напиша Росана на Фејсбук.

Тоде ќе остане запомнет по неговите антологиски песни кои ги напиша за нив две, „А од љубов не се бега“, „Ако не исчезнам“, „Признавам“, и многу други.

Тој лани во интервју за Свет Австралија раскажа за својата двегодишна борба со ракот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ