Тошковски: „Безбеден град“ работи автоматски и непристрасно!
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше на терен на локација каде се спроведува финална проверка и верификација на паметниот систем за автоматска детекција на брзината на движење на возилата, како дел од проектот за унапредување на безбедноста во сообраќајот.
„Станува збор за систем кој МВР го развиваше во изминатиот период со цел намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во процесот на тестирање се проверува јасноста на снимките, прецизноста при читањето на регистарските таблички и точноста на податоците што системот ги регистрира. Според стручните служби вклучени во верификацијата, утврдените отстапувања во мерењето на брзината се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира висока сигурност и доверливост на системот.“, потенцираше Тошковски.
Министерот истакна дека со овој систем се поставуваат повисоки безбедносни стандарди во сообраќајот и неговата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и повеќе спасени човечки животи.
Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на територијата на целата држава. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, кои ќе дејствуваат особено на т.н. „црни точки“ на патиштата.
„Системот работи автоматски и непристрасно – камерата не прави разлика меѓу луѓе, туку евидентира прекршок. Законот важи еднакво за сите, а безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет“, нагласи министерот.
Од МВР потенцираат дека примената на системот веќе покажува позитивни ефекти во насока на зголемена сообраќајна дисциплина и намалување на ризиците на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…