Трагедија во Грција: Србинка се удави во морето, наредена е обдукција

t

Тешка трагедија го потресе грчкото летувалиште Сивири на Халкидики, популарна дестинација за туристи од Србија. Во средата напладне, 73-годишна српска државјанка била извлечена од морето без знаци на живот.
Според информациите на српскиот „Телеграф“, по инцидентот веднаш била алармирана Пристанишната управа на Неа Мудања. Жената била пренесена со возило на итната медицинска служба ЕКАБ до Здравствениот центар во Касандра, каде што лекарите ја прогласиле за мртва.

Случајот го истражува Вториот оддел на Пристанишната управа на Неа Мудања, кој делува во рамките на Централната пристанишна управа на Солун. Наредена е обдукција што ќе се изврши во Службата за судска медицина во Солун, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Настанот фрли сенка на летната сезона во ова популарно место, кое секоја година привлекува илјадници туристи од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…

Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…