Трагедија: На само 44 години ненадејно почина познатиот македонски диџеј
Менаџерот Васко Павлевски, сопственик на „Горила Продукција“ денеска на социјалните мрежи ја сподели тажната вест за прераната смрт на Кирил Чипурески од Битола.
– Другар почивај во мир 💔 Заедно од Богданци до Тетово, од Струга до Каменица, безброј светски имина, фотосесии, ти си кум на нашето Fresh Union, многу пати беше и дизајнер, беше диџеи, беше продуцент, вршеше преводи по граници кога светски диџеи немаа виза, многу пријателства, многу журки, многу голем придонес за промоција на Битола и Македонија. 20 години заедно не беа доволни за да раскажеме се! Се гледаме таму горе Чипур 💔, напиша Павлевски на социјалните мрежи.
Засега не е позната причината за смртта на Џипурески, кој имаше 44 години.
– Светски човек беше …а сепак наш, малце е да се напише овде се’ за него :((( Бог да и даде сила на фамилијата, се вели во еден од коментарите.
– Бог да го прости, не можам да верувам, нека почива во мир…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За соседите монструмот од Цетиње бил мирен…
Монструмот од Цетиње, Александар Мартиновиќ, кој во…
Австриските железници бараат илјадници работници
Австриските железници бараат илјадници нови работници. Компанијата…
Објавен списокот на помилувани – Уставобранителите повторно…
Во службен весник објавена е одлуката на…
Зеленски: „Прекинот на транзитот на рускиот гас…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски реагираше на…
Туристи демолирале хотел во Белград и ги…
Инцидент во хотел во Белград за време…