Трамп: Ако Иран нападне, ќе одговориме со сила каква што никогаш досега не сме виделе
Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран да не извршува напади, бидејќи во тој случај САД ќе одговорат со невидена сила.
„Иран штотуку објави дека денес ќе удри многу силно, посилно од кога било досега. Подобро да не го сторат тоа, бидејќи ако го сторат тоа, ќе ги удриме со сила како никогаш досега“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social.
Американскиот претседател претходно изјави, откако објави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во американските и израелските напади врз Иран, дека тоа е „не само правда за народот на Иран, туку и за сите големи Американци и оние луѓе од многу земји низ целиот свет кои Хамнеи и неговата банда крволочни бандити ги убиле или осакатија“.
Како што изјави, ова е најголемата шанса за иранскиот народ да ја врати својата земја. „Слушаме дека многу од нивните членови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, војската и другите безбедносни и полициски сили повеќе не сакаат да се борат и бараат имунитет од нас. Како што реков – „Тие сега можат да имаат имунитет, подоцна добиваат само смрт“, истакна Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ако Иран нападне, ќе одговориме со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се…
(Видео) Некој слави, некој жали – Состојбата…
На социјалните мрежи се споделуваат различни видеа…
Иранскиот МНР: Колку што знам Хамнеи е…
Иранскиот министер за надворешни работи вели дека…
Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со…
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во…
Трамп: Сè што сакам е слобода за…
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави…