Трамп: Ги откажувам нападите врз Иран, постигнавме напредок во преговорите
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека ги откажал планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва. Како причина го наведе напредокот во преговорите со Техеран.
Трамп тврди дека разговорите со Иран достигнале највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени. Тој изјави дека поради ова, како претседател на САД, ги откажал закажаните напади, пишуваат медиумите.
„Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се доведени до највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва“, напиша Трамп.
Тој додаде дека разговорите и последните точки од договорот, „во концепт и во многу детали“, биле одобрени од сите вклучени страни. Меѓу нив ги спомена САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други.
Трамп рече дека блокадата во Ормускиот ќе остане.
„Поморската блокада ќе остане во полна сила и ефект сè додека не се финализира оваа трансакција. Времето и местото на потпишување ќе бидат објавени наскоро“, напиша Трамп. Трамп во последните недели постојано повторуваше дека договорот со Иран е блиску, но сè уште не е постигнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ги откажувам нападите врз Иран, постигнавме…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth…
Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат…
Денеска во попладневните часови на бројот 112…
Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб…
Светската банка очекува глобалната економија годинава да…
Трет месец по ред САД се најголем…
Соединетите Американски Држави и во мај ја…
Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко…
Познат е идентитетот на двајцата загинати и…