Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд, велејќи: „Сега е време и тоа ќе се направи!“
„НАТО ѝ кажува на Данска веќе 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не успеа да направи ништо во врска со тоа“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Белата куќа, данското претседателство со Европската унија и данското Министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.
Трамп постојано инсистира дека нема да прифати ништо помалку од сопственост на Гренланд, автономна територија на Данска. Лидерите на Данска и Гренланд инсистираат дека островот не е на продажба и не сака да биде дел од Соединетите Американски Држави.
Во саботата, Трамп се закани со бран зголемување на царините за европските сојузници сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.
Растечкото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд од витално значење за безбедносните интереси на САД, тврди Трамп. Данските и други европски претставници истакнаа дека Гренланд веќе е вклучен во колективниот безбедносен сојуз на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Данска не успеа да ја отстрани…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…
Шпанскиот премиер: Американска инвазија на Гренланд би…
Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална…
„Политико“: Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор…
Пратениците во Европскиот парламент нема да го…
„Не го чепкајте Гренланд“ – Илјадници луѓе…
Масовни демонстрации се одржуваат во Копенхаген против…
Словенија испраќа двајца офицери во Гренланд
Словенечката Вада на дописна сесија потврди дека…