Објавено на:

Трамп е одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец, вели германскиот министер за одбрана

t

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е одговорен за затворањето на Ормутскиот теснец.

„На крајот на краиштата, Доналд Трамп го стави чепот во Ормутскиот теснец, не ние, но во наш интерес е да го отстраниме“, рече Писториус во интервју за германскиот јавен сервис ARD.

Германскиот министер додаде дека отворањето на Ормутскиот теснец, или можноста за безбеден транзит низ него, е во интерес на Европа, во интерес на снабдувањето со енергија и економското закрепнување.

Министерот додаде дека секој договор за повторно отворање на теснецот ќе бара поддршка од Иран и Оман.

Иранските власти објавија во саботата дека го затвораат Ормутскиот теснец поради континуираните израелски напади врз јужен Либан, каде што Израелците ги напаѓаат позициите на либанското движење „Хезболах“, поддржано од Иран.

Трамп претходно во текот на денот се закани дека ќе го нападне Иран ако неговите сојузници во Либан, Хезболах, против кој се бори Израел, „продолжат да предизвикуваат проблеми“, пренесе „Бета“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп е одговорен за затворањето на Ормутскиот…

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес…

Полскиот претседател собира политички поени на омраза…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека полскиот…

Курц отвора стартап за сајбер безбедност во…

Некогаш работеше од Австриската канцеларија на плоштадот…

Ахмети се пожали: ВЛЕН ги дезинформира меѓународните…

ВЛЕН ги дезинформира меѓународните фактори за Охридскиот…

Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус…