Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека му наредил на министерот за одбрана Пит Хегсет да обезбеди војници за заштита на американскиот град Портланд и објектите на Службата за имиграција и царина на САД (ICE) од движењето Антифа, кое претходно го означи како терористичка организација.
На барање на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, му наложувам на министерот за одбрана Пит Хегсет да обезбеди сите потребни војници за одбрана на воено разурнатиот Портланд и сите наши опколени објекти на ICE од напади на Антифа и други домашни терористи. Исто така, овластувам употреба на целосна сила доколку е потребно“, напиша тој на својата платформа Truth Social.
Трамп потпиша посебна извршна наредба во понеделник со која го означи левичарското антифашистичко движење, познато како Антифа, како „домашна терористичка организација“ и се закани дека ќе ги истражи и гони оние што го поддржуваат финансиски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп испраќа војници во Портланд за да…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека…
Лавров: Секоја агресија врз нашата земја ќе…
Рускиот министер за надворешни работи – Сергеј…
(Видео) Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана:…
Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана што…
(Фото) Давкова објави дека била на приемот…
Претседателката на Фејсбук објави дека присуствувала на…
Зеленски: Ако Киев остане без струја, ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека реториката…