Објавено на:

Трамп тврди: Ја добивме војната со Иран – никогаш нема да имаат нуклеарно оружје во иднина

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД ја добиле војната против Иран, додавајќи дека Иран се согласил никогаш да нема нуклеарно оружје во иднина.

„Сите нивни лидери ги снема. Никој не знае со кого да разговара. Но, ние всушност разговараме со вистинските луѓе, а тие толку многу сакаат да склучат договор. Немате поим колку очајно сакаат да склучат договор, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, објави „Скај њуз“.

Според него, иранските претставници кои разговараат со американскиот тим го прават тоа „многу разумно“.

Трамп додаде дека САД се претставени во преговорите од специјалните пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, како и од американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

„Другата страна сака да склучи договор. Кој не би бил во нивна кожа? Нивната морнарица е исчезната, нивните воздухопловни сили, нивните комуникации, сите нивни системи за воздушна одбрана, нивните ракети. Можете ли да наведете едно нешто што не е уништено или што функционира добро? Летаме над Техеран слободно, можеме да правиме што сакаме“, рече американскиот претседател.

Тој го критикуваше известувањето на некои американски медиуми, велејќи дека шират „лажни вести“.

„Го читате „Њујорк Тајмс“ и како да не победуваме во војна каде што Иран нема морнарица или воздухопловни сили, ништо. Буквално имаме авиони што летаат над Техеран и други делови од земјата. Тие не можат да сторат ништо во врска со тоа“, рече тој.

Во врска со Ормутскиот теснец, Трамп рече дека Иран им дал на САД „голем подарок“. Кога новинарите го прашаа зошто преговара со Иран ако не им верува на нивните претставници, Трамп рече: „затоа што тие ќе склучат договор“.

„Вчера направија нешто што беше навистина неверојатно. Ни дадоа подарок, а подарокот пристигна денес. Тоа беше многу голем подарок вреден огромна сума пари, и нема да ви кажам каков беше подарокот, но беше многу значајна награда. Тоа за мене значеше едно – имаме работа со вистинските луѓе“, рече Трамп, додавајќи дека подарокот бил поврзан со нафта и гас, пренесе „Танјуг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп тврди: Ја добивме војната со Иран…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна…

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа, како…

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не…

Мерката за намалување на ДДВ од 18%…

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија…

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ изјави дека…

Почина советник од Левица во Општина Илинден

Со длабока тага утрово ја примивме веста…