Трамп уверува дека Путин е подготвен за договор, но вели дека војната во Украина би можела да заврши до 2028 година
Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за Fox News изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година.
Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп одговори дека мисли дека ќе заврши.
„Мислам дека ќе заврши, да. Дури мислев дека војната ќе заврши порано. Мислев дека тоа е најлесното прашање за решавање бидејќи добро се сложувам со двајцата лидери (на Русија и Украина). Навистина мислев дека тоа ќе биде мојата најлесна задача“, рече американскиот претседател.
Од март 2023 до октомври 2024 година Трамп дури 53 пати рекол дека ќе ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“ или на првиот ден од неговиот мандат во Белата куќа.
Американскиот претседател рече дека бил во постојана комуникација со својот руски колега, изразувајќи верување дека Путин е подготвен да постигне договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп уверува дека Путин е подготвен за…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју…
Татко физички и психички ги малтретирал малолетните…
Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица…
САД имаат идеја како да го заобиколат…
Соединетите Американски Држави започнаа иницијатива за обновување…
Стојаноски: СДСМ, Левица и ДУИ застанаа против…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини…
Откако пред две години се изборија да…
Возачите во Италија масовно се жалат дека…