Трамп шокира: Саудискиот принц ми го бакнува задникот!
Доналд Трамп упати контроверзни изјави за односите со Саудиска Арабија, тврдејќи дека арапските земји тесно соработуваат со Вашингтон во тековната војна против Иран.
Говорејќи на конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ во Флорида, Трамп изјави дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман „му го бакнува задникот“, објаснувајќи го тоа како резултат на подобрената позиција на САД на глобалната сцена.
Тој прераскажа наводен разговор со саудиски функционер, кој, според него, оценил дека САД од „мртва земја“ станале „најатрактивната земја во светот“. Трамп додаде дека претходно не се очекувало ваков развој и дека сега лидерите мора да покажуваат поголема наклонетост кон неговата администрација.
И покрај ваквите изјави, Трамп го пофали бин Салман, нарекувајќи го „фантастичен човек“ и „воин“, додавајќи дека Саудиска Арабија може да биде горда на неговото лидерство.
Тој истакна дека Ријад, заедно со Катар, Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, застанале на страната на САД во неодамнешниот конфликт со Иран.
Овие изјави доаѓаат речиси еден месец по почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, која започна на 28 февруари со напади врз иранската воена и нуклеарна инфраструктура. Како одговор, Иран го прошири конфликтот, изведувајќи ракетни и беспилотни напади врз Израел, но и врз неколку земји од Заливот каде што се стационирани американски сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп шокира: Саудискиот принц ми го бакнува…
Доналд Трамп упати контроверзни изјави за односите…
Рубио: Ормутскиот теснец останува критичен, но целите…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека…
Нема извоз на бензин од 1 април,…
Русија воведува забрана за извоз на бензин…
НАЈГОЛЕМИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО СВЕТОТ, АМЕРИКАНСКИОТ…
Американскиот носач на авиони „Џералд Р. Форд“,…
Трамп: Куба е следна
„Куба е следна“, изјави американскиот претседател посочувајќи…