Трамп ја тужи Хилари

Доналд Трамп ги тужи Хилари Клинтон и уште неколку демократи, бидејќи смета дека се обиделе да ги наместат претседателските избори во САД во 2016 година поврзувајќи ја неговата кампања со Русија.
Со заедничко дејствување, обвинетите злонамерно заговарале да создадат лажна приказна дека нивниот републикански противник Доналд Џеј Трамп соработува со странски непријателски страни“, вели поранешниот американски претседател во тужбата поднесена пред федералниот суд во Флорида.
Трамп, кој ја победи Клинтон на изборите во 2016 година, во тужбата споменува и „рекетирање“ и „заговор за ширење штетни лаги“.
Обвинувањата на Трамп се поткопани со извештајот издаден од сенатската комисија предводена од републиканците во август 2020 година. Извештајот од 966 страници заклучува дека Русија го користела републиканскиот политички оперативец Пол Манафорт и веб-страницата Викиликс за да се обиде да му помогне на Трамп да победи на изборите во 2016 година.
Трамп во тужбата бара надомест и отштета. Тој рече дека е „принуден да ги сноси трошоците во износ што ќе се утврди на судењето, но за кој се знае дека е поголем од 24 милиони долари и кој продолжува да расте во форма на трошоци за одбрана, правни такси и други сродни трошоци“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
Во петок наутро посебен режим на патот…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…
Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…
Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…