Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во нашата држава, Чен Чен, соопштија попладнево од Јавното претпријатие.
– Со Анексот број 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра и краен рок за завршување 31 мај 2027 година. Ова е потребно заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи што се нужни и неопходни за целосно и квалитено завршување на проектот и на активности поврзани со санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност, еластична одбојна ограда со примена на EN 1317 – стандард, изградба на контролен центар, дополнителните работи за изградба на паралелни патишта, се наведува во објавата на Јавното претпријатие на Фејсбук.
Како што се додава, со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности.
– Инаку, во изминатиот период, посебно во минатата година, со силна поддршка на Владата се забрза напредокот на проектот, па така на 13 јули, 7 септември и 31 декември 2025 година, предвремено се овозможи пуштање во сообраќај на 13,5 километри, 12,34 километри и 2,12 километри од првите делови од главната траса на потегот од Врбјани до Ботун, како и Климештани – Охрид, со вкупна должина на двата коловоза од 27,96 километри. Исто така, беа изградени и дел од пристапните патишта за околните села, при што се постигнаа значајни резултати во текот на различните фази на изградбата, се додава во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот…
По потпишувањето на Анексот број 8 на…
САД започнуваат истрага против ЕУ и други…
Трговската канцеларија на Соединетите Американски Држави (USTR)…
Сточарите се закануваат со протест доколку нема…
Сточарите се закануваат со протести доколку до…
Одете пеш: Данска ги повикува граѓаните да…
Министерот за енергетика на Данска ги повика…
Цената на нафтата пак надмина 100 долари,…
Ни одлуката на 32 земји-членки на Меѓународната…