Трајановски ја потона Стефанова: Груевски не ми кажал дека има плацеви на Водно, никогаш не побарал урбанизација на парцели на Водно

t

На поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, не му е познатото местото викано „Шербетница“, на Водно. Во својство на сведок Трајановски, денеска беше сослушан во случајот „Плацеви на Водно“, при што посочи дека Никола Груевски, не побарал од него или преку друго лице урбанизација на парцели на Водно.

– Не ми кажал дека има плацови на Водно. Не ми кажал дека има и станови на улица „Бихачка“, рече Трајановски.

Од страна на обвинителката Лиле Стефанова, сведокот Трајановски, беше прашан дали претходно во ОЈО Скопје, бил сослушан како обвинет за донесениот ГУП. Одбраната на обвинетиот реагираше на вака поставеното прашање со образложение дека на овој начин обвинителството сака да го исплаши сведокот.

Случајот „Плацеви на Водно“ го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…