Трајковски: Од Словенија ни ги враќаат „докторите“ со дипломи од универзитетот „Гоце Делчев“ поради крајна нестручност

t

Професорот Дејан Трајковски сподели видео кое покажува каков проблем има државата со нестручни кадри, особено во медицината. Според објавеното, од Словенија ни ги враќаат „докторите“ со дипломи од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ поради крајна нестручност.

-Оттаму се обратиле до нашето Министерство за образование за да поведат сметка за неквалитетотот што го продуцираат на овој медицински факултет, ама немало никаква реакција.

Потоа тие што ќе ни ги вратат ќе се вработат во нашите болници и ќе можат само да демонстрираат ароганција, бидејќи знаење секако немаат. Прв пат виделе жив пациент откако дипломирале и се вработиле!

Тоа ругло од факултет треба итно да се затвори за да не прави повеќе штета. Но, што ќе правиме со оној бофл кадар што досега го произвеле? Кој ќе одговара за оваа образовна и здравствена катастрофа? Ако вистински, а не само декларативно, сакаме да го повишиме квалитетот на образованието, овие прашања мора веднаш да се отворат, стои во објавата на професорот.

Во објавеното видео зборува специјалистот анестезиолог, Иван Костадинов од Кочани, кој поради корупција, непотизам и неможноста да се вработи на неопределено како лекар во Македонија, се преселил во Љубљана, Словенија. Тој открива шокантни информации за тоа како директор на кочанската болница земал мито за вработување на доктори, за тоа какви лекари завршуваат на штипскиот универзитет, но и за тоа колку македонското здравство е далеку од европските стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајковски: Од Словенија ни ги враќаат „докторите“…

Професорот Дејан Трајковски сподели видео кое покажува…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…

Филипче: Нема никакво вработување на 600 лекари,…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека…

Бајден откри кога би се повлекол од…

Во последните недели, се поголем број демократи…

Шаќири демантира дека основал медицински факултет на…

Некои пак споменуваат Факултет за медицински науки,…