Трговски центар ќе никне на местото кај руинираниот дом „Ранка Милановиќ“
Од мини-депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ, каде со години стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства, објави Телма.
„Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и според ДУП кој е во изработка. Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти. Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти“, изјавиле од општина Гази Баба за телевизијата.
Додека Општината бара земјиштето од образовна да добие комерцијална намена и на локацијата да никне деловен објект, односно трговски центар, од Министерството за труд и социјала најавија дека семејствата ќе бидат сместени на друга локација. Според податоците од Министерството, таму сега живеат околу 70 до 80 лица, за кои планот е да се згрижат во Чичино село.
„Во моментов се обезбедуваат и дополнителни сместувачки капацитети во Чичино Село, каде што ќе бидат згрижени лицата од Ранка Милановиќ, со цел да им се обезбедат посоодветни услови за сместување и грижа. По завршувањето на овие активности и по создавањето на потребните урбанистички предуслови, ќе може да се пристапи кон следната фаза на трансформација на локацијата“, изјавија од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милановиќ: Не прифаќајте наметнувања
Хрватскиот претседател, која е во прва официјална…
Милановиќ: Израел ги изгуби моите симпатии
Ги осудив убиствата, дури и изразив згрозеност…
104-годишна бабичка скокнала со падобран
Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…
Милановиќ: Европа на Макрон со повеќе брзини…
Ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат…
Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…