Трендафилов: Ќе бараме зголемување на минималната плата на 450 евра и враќање на трошоците за храна и превоз
ССМ ќе побара враќање на трошоците за храна и превоз, зголемување на платите во првите 100 дена од новата Влада, односно зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра, колку што изнесува во регионот. Ова денеска го најави првиот човек на Синдикатот, Слободан Трендафилов.
Тој го најави и работничкиот протест на 1-ви Мај.
-Пораките кои ќе ги испратиме на 1 Мај треба да бидат црвен аларм за оние кои ќе го очекуваат гласот на работниците на 8 мај. Сега ни е шансата и можноста на нас како работници да бидеме најгласни. Ако не излезете на протест, нема да добиете ништо. Колку ќе излеземе на протест, толку и ќе добиеме. Денес е моментот кога треба да излезете на улица и да кажете што барате од сите тие кои треба да ја водат државата, порача Трендафилов на прес-конференција.
ССМ ги повикаа синдикалните организации да учествуваат на традиционалниот првомајски марш. Порачаа – да бидеме гласни за подобрување на правата на работниците, трошоците за живот се преголеми наспроти премалите плати.
-Тоа што можам да кажам е дека психолошката бариера од 60 илјади денари новата пресметка на синдикалната минимална кошничка сигурно ја преминува и тоа треба да биде црвен картон за сите оние кои се сомневаа и во пресметката на синдикалната минимална кошничка, меѓутоа се сомневаа и укажуваа дека работниците во Македонија можат да преживеат со далеку помалку. Лесно е да креирате политика со 2. 500 евра, тешко е да преживеете со 22. 500 денари, потенцира Трендафилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новогодишна честитка на ССМ: Работната недела да…
Градење на системско решение и обезбедување на…
ССМ предупредува – за неисплатен К-15 до…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска со…
ССМ против зголемување на старосната граница за…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
Мицкоски го обвини ССМ дека е политички…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва го обвини Сојузот…
ССМ бара итен раст на платите: Минималната…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува…