Тренчевска: Децата се безбедни, да не се шири паника кај граѓаните

t

И министерот Спасовски и обвинителот Бубевски вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека не ни се безбедни. Децата се безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, запрашана дали младите се сигурни и безбедни после случајот со убиството на малата Вања Ѓорчевска.

Според неа, новото време создава носи предизвици и дека развојот на ИТ-технологијата и социјалните мрежи наместо да ја подобрат информираноста, преку лажните вести и говорот на омраза создаваат проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот.

Како институции мораме да се прилагодиме на ова ново време и како МТСП каде што надлежност ни се децата, сакам да ги уверувам луѓето дека децата и училиштата се безбедни, рече Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Оставиле деца заклучени во автомобили: На родителите…

Пожарникари вчера спасија две деца од заклучени…

Ужас: Во Германија на секои половина час…

Во Германија на секои половина час дете…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…