Тренчевска се сретна со потпретседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова.
Ова е соопштението од Владата:
“На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на стопански комори на Македонија, моменталните предизвици со кои се соочува стопанството во време на пандемија која освен здравствени, донесе и економски последици и влијанието на економско- енергетската светска криза врз одржливоста на бизнис секторот, но и на работникот.
Министерката Тренчевска посочи дека Владата на Северна Македонија од почетокот на пандемијата креираше шест пакети економска помош и поддршка за компаниите и граѓаните со цел полесно пребродување на кризниот период. Тоа директно придонесе за задржување на ликвидноста на компаниите и работните места.
„Само задоволен работник е продуктивен работник и како таков тој директно ќе придонесе и за продуктивноста на компанијата за која работи. Затоа, сите политики и законски решенија ги правиме низ транспарентен процес со вклученост на сите засегнати страни во општеството. И како Влада и како ресорно министерство кое работи во областа на трудот, остануваме отворени за сугестии, забелешки и коментари во креирањето на законите кои ќе понудат најодржливи решенија за сите страни,“ рече Тренчевска.
На средбата се разговараше и за новото законско решение недела- ден на неделен одмор кое доби поддршка и од Сојузот на стопански комори, неговата имплементација и соработката со Државниот инспекторат за труд, како орган кој го врши надзорот на неговото почитување, како и за новиот Закон за работни односи, кој е во работна верзија.
„За новиот Закон за работни односи предвиденo е отворање на широка јавна расправа со цел да се слушнат сите засегнати страни во општеството, а во насока на изнаоѓање на најдоброто решение кое ќе одговори на потребите на сите чинители, и на работниците и на работодавачите. Како Влада силно го подржуваме социјалниот дијалог, затоа што само заеднички можеме да дојдеме до најсоодветното решение. Министерството е отворено за соработка и за реализација на проекти и активности кои се дел од целите од Програмата за работа на Владата на РСМ, 2022-2024“, рече Тренчевска.
Двете соговорнички изразија подготвеност за продолжување на досегашната институционална соработка на прашањата во областа на трудот.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…