Тренчевска, Трајановски, Жерновски, Димитријевиќ- и нови и стари лица во раководството на СДСМ, Венко Филипче ги претстави како тим кој влегува во одлучна борба со криминогената власт
На вечерашниот извршен одбор на СДСМ за потпретседатели се избрани Александар Трајановски и Јована Тренчевска. Како што објави Телма, екс министерката Тренчевска е вториот потпретседател на СДСМ и заедно со Трајановски се нови членови на партиското раководство.
За организациски секретар Љупчо Фармаковски, а генералниот секретар останува Александар Саша Димитријевиќ.
„Ова е тим кој влегува во одлучна борба со криминогената власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ. Ја шириме платформата, повикуваме граѓански организации, независни платформи, слободоумни граѓани. Вечерва објавуваме фронт и се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на националното предавство со проектот за прием на мигранти“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Дел од членовите кои се избрани во Извршен одбор се Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Симона Цветановска, Рената Младеновска, Петар Огненовиќ, Андреј Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тренчевска, Трајановски, Жерновски, Димитријевиќ- и нови и…
На вечерашниот извршен одбор на СДСМ за…
На Европа и се заканува „циклонска бомба“…
Нарушувањето на поларниот вртлог, што доведе до…
Рејтингот на Трамп падна под 39 проценти
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп опадна…
Филипче по изборот на новото раководство: Ние…
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р…
Предупредувачки бојкот во Управата за матични книги…
Граѓаните на Тетово кои денеска дојдоа во…