Трета среќа: Ердоган повторно му понуди на Путин да организира средба со Зеленски

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган повторно му понуди на рускиот претседател Владимир Путин да организира средба меѓу него и украинскиот лидер Володимир Зеленски во Анкара или Истанбул, соопшти кабинетот на Ердоган по неговиот денешен телефонски разговор со рускиот претседател.
Претседателот на Турција истакна дека може да биде неопходна средба на ниво на национални лидери за да се постигне консензус и ја повтори својата понуда да биде домаќин на претседателите на Русија и на Украина во Истанбул или Анкара, соопшти кабинетот на Ердоган.
Во соопштението се наведува дека Ердоган му рекол на Путин оти за договор околу одредени прашања може да биде потребна средба на лидерите.
Ердоган истакна дека трајниот прекин на огнот може да доведе до долгорочно решение, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…