Објавено на:

Тројца загинати во руски напади врз Краматорск, погодени станбени и инфраструктурни објекти

t

Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени во руски гранатирања на украинскиот град Краматорск, објави гувернерот на Доњецката област, Вадим Филашкин, на Телеграм.

Врз градот биле извршени два напада, при што се погодени депо за возила и повеќекатна станбена зграда.

Краматорск е дел од таканаречениот „утврден појас“ на украински градови што Русија ги смета за клучна цел во настојувањата да ја преземе целата Доњецка област.

Претходно, раководителот на воената администрација на градот, Олександр Гончаренко, соопшти дека загинала една жена, а бил повреден тинејџер. Исто така, претходно беше објавено дека руските сили во изминатите 24 часа убиле двајца жители на Доњецката област и раниле уште четворица.

Руските сили нападнаа и објект од критичната инфраструктура во градот Запорожје, при што се повредени двајца мажи, пренесува Укринформ, повикувајќи се на објава на началникот на Запорошката обласна воена администрација, Иван Федоров.

„Непријателот нападна објект од критичната инфраструктура во Запорожје. Повредени се двајца мажи на возраст од 60 и 50 години. Им се укажува медицинска помош“, напиша Федоров.

Претходно беше соопштено дека руската војска погодила бензинска станица во Запорожје, каде што се повредени две лица, кои одбиле хоспитализација. Целосниот обем на штетата врз инфраструктурниот објект сѐ уште не е утврден.

Во меѓувреме, континуираните напади со беспилотни летала и артилерија во последните два дена предизвикаа сериозни оштетувања на енергетските капацитети на украинската приватна енергетска компанија ДТЕК во Днепропетровската област, соопшти компанијата, а пренесува Ројтерс.

На дел од објектите избувнаа пожари, а некои беа нападнати повеќепати, се наведува во објавата на компанијата на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца загинати во руски напади врз Краматорск,…

Најмалку три лица загинаа, а шест се…

Три лица претепале 83-годишен скопјанец

На 18.06.2026 во 12:40 часот во СВР…

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ,…

Се зголемува поддршката на граѓаните за членство…

Зеленски до Лукашенко: Имате една недела да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот…

Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини…