Трубарево под контрола?

t

Локацијата кадешто изби страотниот пожар во Трубарево и денеска е под надзор на полицијата и пожарникарите. Ситуацијата е под контрола, а тие се на готовс.

На дел од локацијата и понатаму се јавува повремено чадење, но ситуацијата е под контрола затоа што тука се дежурните служби. На моменти се чувствува и миризба од запалената пластика.

Жителите на Трубарево потврдија-миризбата се’ уште е присутна.

„Сабајле се осеќа миризба. Дење-не. Ваљда и ноќе, насабајле кога ќе отвориме прозор се осеќа.“

Според направениот извештај од страна на Министерството за животна средина во период од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот), просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници.

Министерство за животна средина и просторно планирање

„Беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево. Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности.Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух.“

Вчера од Обвинителството информираа дека увидот бил завршен по неколку часа, со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен биле отежнати. Најавија дека локацијата ќе биде обезбедена за потребите на понатомашната предистрага. Додека пак, Кривичниот суд по барање на ОЈО вчера го продолжи притворот за нови 48 часа за четворицата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трубарево под контрола?

Локацијата кадешто изби страотниот пожар во Трубарево…

Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на…

Рама, единствениот кандидат за премиер, доби поддршка…

На Трамп му беше здодевно на состанокот…

Трамп, кој моментално е на турнеја низ…

Во сабота литија со иконата на Пресвета…

Претстојниот викенд, поточно во недела на 21.…