Турската полиција уапси 25 лица, поврзани со нападот на црквата во Истанбул

t

Турските власти приведоа 25 осомничени во врска со пукањето во католичката црква во Истанбул минатиот викенд, кога за време на богослужба беше убиен турски државјанин, изјави денеска турскиот министер за правда Џилмаз Тунч.

Тунч на платформата Х напиша дека меѓу 25-те приведени има двајца осомничени вооружени мажи, кои полицијата ги уапсила претходно, а за кои се верува дека се поврзани со Исламската држава, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека 25 осомничени се обвинети за незаконско организирање и тешко убиство со умисла, а уште девет осомничени се ослободени додека трае судењето.

Двајцата главни осомничени се странски државјани, едниот е од Таџикистан, а другиот е Русин, изјави претходно турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Нападот се случил во неделата наутро во италијанската католичка црква Санта Марија во истанбулскиот кварт Сариер, а турски државјанин бил убиен додека присуствувал на богослужбата.

Двајцата напаѓачи биле маскирани.

Исламската држава ја презеде одговорноста за тој напад, а во објава на Телеграм изјави дека тоа е одговор на повикот на лидерите на групата да ги таргетираат Евреите и христијаните.

Исламска држава изврши бројни напади низ Турција, вклучително и напад на ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година, кога беа убиени 39 лица.

Од јуни 2023 година турските власти приведоа 2.086 лица осомничени дека се поврзани со Исламската држава, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан побарал поддршка од Ердоган за мировната…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да…

Ердоган смета дека НАТО не треба да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Пожарите земаа 11 животи во Турција

Вкупно 11 лица загинаа во пожарите во…

Турција има златни резерви во вредност од…

Пазарната вредност на златните резерви на Турција…

(Видео) СТАДИОНОТ ЕРУПТИРАШЕ по голот на турскиот…

Во тек е натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија…