Објавено на:

Турција стравува од поширока војна меѓу САД и Иран

t

Турција стравува дека судирот меѓу САД и Иран би можел да прерасне во поширока регионална војна. Анкара се обидува да посредува во конфликтот, но истовремено е загрижена за економските последици, курдското прашање и можен нов бран бегалци, пренесува „Индекс“.

Турција традиционално се позиционира како посредник меѓу Истокот и Западот, одржувајќи односи и со Европската Унија и со блискоисточните држави. Во спорот меѓу САД и Иран, Анкара повеќепати се обидела да посредува, но без успех, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Фидан истакна дека веднаш го информирал претседателот Реџеп Таип Ердоган за развојот на настаните.

„Тоа беа мрачни моменти, секоја минута очекувавме војна или прв напад“, изјави Фидан.

Турција е загрижена дека конфликтот со Иран би можел да донесе сериозни хуманитарни, економски и политички последици, вклучително инфлација, проблеми во снабдувањето со енергенси, пад на туризмот и можен нов судир со курдските групи.

Како членка на НАТО, Турција засега се обидува да остане неутрална, а Иран досега не нападнал бази или радарски системи на НАТО. Анкара ги засилува дипломатските контакти со САД, Европската Унија и земјите од Заливот, но преговорите засега не напредуваат.

Дополнителна загриженост предизвикуваат и шпекулациите во медиумите за можен ангажман на курдски сили во Иран. Турција се обидува да спречи етнички конфликти и нов бран бегалци, подготвувајќи кампови и зајакнувајќи ја границата.

Доколку дојде до масовен егзодус, се очекува дека од Иран би можеле да пристигнат и повеќе од два милиона авганистански бегалци.

Изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во која ги пофали подготовките на Турција, дополнително предизвика реакции во Анкара, бидејќи дел од јавноста стравува дека Европската Унија повторно ја гледа Турција како „тампон-зона“ за бегалци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција стравува од поширока војна меѓу САД…

Турција стравува дека судирот меѓу САД и…

Швајцарија: Американско-израелските напади врз Иран се кршење…

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер оцени…

Макрон му порача на Иран: Веднаш запрете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес разговараше со…

САД нема да ја променат политиката на…

Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт,…

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна…

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот…