Објавено на:

Турција ќе ги заловува, но нема да ги враќа кучињата скитници на улица, туку во прифатни центри

t

Турскиот парламент усвои закон што налага сите кучиња скитници да бидат уловени и префрлени во прифатни центри, подалеку од улиците каде што сѐ почесто напаѓаат и луѓе.  Најагресивните и оние со неизлечиви болести ќе бидат уништени.

Активистите за права на животните ја критикуваат иницијативата, тврдејќи дека е подобро да се спроведе масовна кампања за стерилизирање.

Законот го предложи владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Се проценува дека низ турските градови има околу 4 милиони кучиња скитници. Законот досега налагаше секое куче без сопственик да биде одведено на ветеринар заради стерилизирање и вакцинирање, а потоа да биде вратено на истото место каде што било пронајдено. Многу од кучињата се маалски и за нив се грижат цели заедници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај -Претседателот на националното…

Во земјава денеска во официјална тридневна посета…

Продолжен прекинот на огнот меѓу Турција и…

Прекинот на огнот меѓу Турција и Сириските…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес со интензитет 4,5 степени според…

Се судрија воени хеликоптери на Турција, меѓу…

Несреќата се случила за време на тренинг…