Уапсена жена откако во нејзиниот замрзнувач биле пронајдени две мртви бебиња

Полицијата во јужна Франција уапсила 41-годишна жена откако пронашла две мртви бебиња во нејзиниот замрзнувач.
Едно лице ја известило полицијата за страшното откритие во француското село Бедоин ден претходно и полициската истрага е во тек. Врската меѓу уапсената жена и бебињата се уште не е јасна, пренесува ДПА.
Жената ќе остане во полициски притвор, соопшти денеска обвинителката Хелен Мургес во блискиот град Карпентрас. Мургес не кажа дали таа сведочела во полиција или дала изјава.
Весникот Ла Прованс објави дека 16-годишната ќерка на жената посочила дека нејзината мајка родила дете сама дома пред три години. Жената живеела со три деца во домот каде што биле пронајдени бебињата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој од ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде…
Во Кочани деновите сѐ почесто се шпекулира…
Херојот Јован во посета на Бигорскиот манастир
Јован не е само херој на Кочани.…
Шокантна случка во Охрид: Пред шест години…
Нов случај на бруталност на Центарот за…
Народот му се смее: Мицкоски најави нова…
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција…
Истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево: Дојде…
Дојде време овие ВОШКАРИ да одлучуваат за…