Уапсени 18 возачи – 17 немале возачка

t

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 17 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Прилеп и по едно лице во Битола, Кочани, Делчево, Кичево, Валандово, Гевгелија, Велес, Неготино и тетовско). Додека пак, под дејство на алкохол возел возач во с.Дулица, општина Македонска Каменица, кој предизвикал и сообраќајна незгода со материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени 18 возачи – 17 немале возачка

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Хаос на граничните премини „Дојран“ и „Богородица“:…

Преку граничните премини „Дојран” и „Богородица” во…

Ракета на SpaceX ќе удри во Месечината:…

Отфрлена ракета на SpaceX е на пат…

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини…

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се вратил во…

Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е обвинет…