Објавено на:

Уапсени 8 мажи во Скопје, Струга и Кичево поради дрога

t

На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени 8 мажи во Скопје, Струга и…

На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации…

Над 400 монети откриени кај битолско Црнобуки,…

Над 400 монети досега се пронајдени во…

Села ќе добие надомест од 7,8 милиони…

Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со…

Утре ќе се сретнат опозициските партии за…

Изборниот законик е еден од најважните закони…

Прогласено највисоко ниво на закана во Ормутскиот…

Британскиот Центар за поморски трговски операции (УКМТО)…