Уапсен возач на автобус, возел патници без да поседува возачка дозвола!
Денеска (27. 04.2026) на ул.”Панајот Гиновски” во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР, лишен од слобода е возач на автобус марка “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници без да поседува важечка возачка дозвола.
Против возачот З.С. (54) од Скопје и сопственикот на возилото, правен субјект од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидената санкција.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен возач на автобус, возел патници без…
Денеска (27. 04.2026) на ул.”Панајот Гиновски” во…
Судењето за „Пулс“ продолжува со изведување докази
Денеска во кривичниот суд во Идризово, продолжува…
Напаѓачот на вечерата организирана од Белата куќа…
Напаѓачот кој во неделата се обиде да…
Израелскиот министер за одбрана се закани на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес…
Трамп бара отказ за Џими Кимел
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи…