Уапсен струмичанец кој превезувал мигранти
Полицијата вчеравечер во близина на крстосница од локалниот пат село Богородица-Гевгелија и регионалниот пат Гевгелија-Богданци, лишила од слобода 36-годишен струмичанец поради сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.
При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола – информира Министерството за внатрешни работи.
За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен струмичанец кој превезувал мигранти
Полицијата вчеравечер во близина на крстосница од…
Полициска акција во Арачиново – запленети два…
Претрес во скопско Арачиново, лишено од слобода…
Сообраќајка на патот Скопје-ГП Блаце, повредени шестмина…
На 24.07.2026 околу 01:40 часот во СВР…
Внук украл над 17 илјади евра од…
На 22.07.2026 во 19:15 часот, полициски службеници…
Тешко повреден мотоциклист (19) во сообраќајка во…
На 22.07.2026 во 23:10 часот во СВР…