Објавено на:

Уапсен уште еден тинејџер кој планирал напад на концертот на Тејлор Свифт

t

Уапсен е уште еден млад човек (18) кој е осомничен дека учествувал во планирањето терористички напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена, дознава Кронен Цајтунг од судските кругови.

Според австрискиот весник, обвиненијата се сè само не безопасни, а властите го истражуваат осомничениот за обид за масовно убиство. Младиот човек наводно бил запознаен со плановите на уапсениот 19-годишен Беран А. од Терниц во Долна Австрија.

Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.

Тој веќе бил радикализиран, рекоа на прес-конференција во Виена и открија дека терористите имале конкретен план за нападот и дека нападот требало да се случи или вечерва или утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…