Уапсен човекот кој се закануваше дека ќе го убие Јовевски

t

Во Битола е уапсен маж осомничен дека пред десетина дена му испрати заканувачко писмо на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски. Во писмото заканувачот напиша дека Јовески ќе биде убиен многу брзо. Од МВР најавуваат официјално соопштение во врска со настанот.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески преку соопштение на 27 јануари извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Заканувачите во писмото порачуваат дека ќе го убијат Јовески многу брзо. Се претставуваат како терористичка организација и бараат да бидат ослободени од гонење двајцата новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, постапка за која од Обвинителството нагласуваат дека веќе е запрена во декември 2021, бидејќи нема место за гонење од страна на јавен обвинител.

Препорачаната пратка со заканата беше напишана на македонски и на англиски јазик.

Извор: МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари загуби Пандов по падот на…

Меѓу функционерите од подолните ешалони, новопоставениот директор…

Опозицијата со ист став – Мицкоски има…

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски…

(Фото) „Ти оставаш зад себе планина и…

Потресни објави на социјалните мрежи во кои…

Шојгу: За помалку од два месеци Украина…

Според податоците на Министерството за одбрана на…

Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната…

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите…