Уапсен 23-годишник осомничен за подметнување пожари во јужна Франција
Француските власти обвинија 23-годишен маж за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на земјата, додека пожарот во областа Гро Бесијон сè уште не е ставен под контрола.
Според обвинителството во Драгињан, осомничениот се товари дека меѓу 19 и 24 јули подметнал повеќе пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами. Тој бил уапсен по опсежна истрага, задржан во полициски притвор, а потоа изведен пред истражен судија, кој му одредил притвор до почетокот на судската постапка.
Против него е покрената истрага за кривично дело уништување со пожар на шуми, шумски површини, пасишта или насади, со нанесување неповратна штета врз животната средина.
Заменичката обвинителка Лоранс Барикан изјави дека за ова дело е предвидена казна затвор до 15 години и парична казна до 150.000 евра. Таа додаде дека се водат и дополнителни истраги за други пожари во регионот.
– Обвинителството во Драгињан се стреми брзо и одлучно да ја спроведе кривичната постапка – изјави Барикан.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ја пофали работата на полицијата и жандармеријата, истакнувајќи дека нивната брза реакција придонела за приведување на осомничениот.
Во меѓувреме, префектот на департманот Вар, Симон Бабр, соопшти дека пожарот кај Гро Бесијон и натаму не е локализиран.
– Оптимисти сме, но и претпазливи, бидејќи пожарот веќе неколкупати нè изненади – изјави Бабр.
Нови жаришта се појавиле и во местата Баржол и Корен. Во гаснењето учествуваат околу 1.000 пожарникари, два хеликоптера и два тешки хеликоптери од типот „Пума“, кои работат на локализирање на огнената линија долга околу 160 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 23-годишник осомничен за подметнување пожари во…
Француските власти обвинија 23-годишен маж за серија…
Ограбена аптека во Петровец
Вчера во 06:30 часот во СВР Скопје…
Петмина се степале на плажа во Пештани,…
Тепачка на плажа во Пештани се случила…
Со речиси 400 дронови нападнат регионот на…
Со речиси 400 дронови нападнат регионот на…
Кривична пријава за уцена: Со таен снимeн…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(35)…