Убиен украински војник, општа мобилизација на проруските сепаратисти

t

Ситуацијата во источна Украина се заострува. Водачите на бунтовниците во Доњецк и Луганск се подготвуваат за војна. Украински војник е убиен од страна на проруските сепаратисти. Цивилите продолжуваат да се евакуираат.

Еден украински војник загина во судирите со проруските сепаратисти, кои ги поддржува Москва на истокот на земјата, соопшти денеска украинската војска.


„Во гранатирањето од страна на сепаратистите смртно настрада еден украински војник од експлозија на граната“, соопшти воената команда за истокот на Украина.

Украинските вооружени сили и проруските сепаратисти денеска взаемно се обвинуваат за тешки прекршувања на примирјето на истокот на Украина.

Украинската војска пријави дека до 7 часот утрината 66 пати бил разменет артилериски оган во близина на градовите на линијата на фронтот, со калибири 82 и 110 милиметри, што е особено висок број. Најмалку еден војник загинал во гранатирањето.

Украинската војска наведе дека ја контролира ситуацијата и оти „ја продолжува мисијата да ги поттисне вооружените агресии на Русија“.

Општа мобилизација на проруските бунтовници

Москва негира дека е вмешана во овој конфликт и вели дека се работи за внатрешни прашања на Украина, меѓутоа Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) редовно јавува, во последните 8 години од кога трае овој конфликт, дека кон сепаратискичките области преминува оружје од Русија.

Сепаратистите во регионот Доњецк и Луганск, кои го обвинуваат Киев дека сака да ја поврати оваа област под своја контрола, оцениле оти ситуацијата е критична и прогласија општа мобилизација.

Лидерот на сепаратистите во Доњецк, Денис Пушилин, во видео порака објави дека потпишал соодветен декет. Пушилин ги повика резервистите „да дојдат во канцелариите за воена регистрација“. Бунтовничкиот водач на Луганск, Леонид Пашечник, исто така потпишал соодветен документ.

Набљудувачите од ОБСЕ денеска јавија оти констатирале „спектакуларно зголемување“ на кршење на примирјето во оваа област и дека во петокот имало вкупно 870.

Во меѓувреме пак продолжуваат евакуациите на градовите и на населените места во регионите Луганск и Доњецк, кои започнаа во петокот. Според сепаратистите во Доњецк, повеќе од 6.000 луѓе се веќе евакуирани, меѓу кои 2.400 деца. Луѓето ќе бидат сместени во јужниот руски регион Ростов.

Извор: Дојче Веле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се…

Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно…

Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно…

Медведев: „Условите на Зеленски се категорични до…

Дмитриј Медведев изјави дека условите што ги…

Се спрема нов напад? Русија ги засилува…

Руските граничари на границата со Украина се…

Паѓа одбраната на Северодоњецк: Нова група украински…

Четворица војници на вооружените сили на Украина…