Угина срндакот прегазен на патот Кичево-Демир Хисар, активистите и ветеринарите не успеаја да го спасат
И покрај напорите и борбата на тимот ветеринари од Битола, младиот елен кој вчера беше прегазен на патот Кичево-Демир Хисар, денеска угина, јавија активистите за заштита на животните. Состојбата на Срндакот, кој во меѓувреме го добил името Мартин, драстично се влошила во текот на попладнето, а тој бил итно пренесен во хируршка сала поради обемно внатрешно крвавење.
Животното беше удрено од возило, а возачот продолжил и го оставил на асфалтот во локва крв. Активисти од Битола вчера го пренесоа на ветеринатна клиника. Случајот ја вознемири јавноста, која будно следеше дали срндакот ќе се спаси.
„Ова е тешка болка, која активистите ја доживуваат секојдневно со мачиња и кучиња, Мартин стана познат срнак за кој многу од вас упатија поддршка, помош и убави зборови, ви благодариме од срце на сите кои што го следевте случајот и кои сакавте да помогнете, но за жал не успеавме, не се може да се спаси“, велат активистите во објава на фејсбук-страницата Animal Voice.
Тие велат дека овој случај покажува колку на Македонија ѝ е потребен центар за лекување и рехабилитација на диви животни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Угина срндакот прегазен на патот Кичево-Демир Хисар,…
И покрај напорите и борбата на тимот…
(Фото) Некој удрил срна со кола и…
Активисти итно бараат помош за срна која…