Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

t

Угостителот од Чаир, Недим Рама, е поставен за нов извршен директор на акционерското друштво во државна сопственост „Номагас“ кое оперира со преносот на природен гас и ги гради гасоводите во земјата.

Рама ќе го менува досегашниот прв човек на овој оператор, Мухамет Елмази, кој во меѓувреме стана нов градоначалник на Сарај по одржаните локални избори.

Рама заедно со заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири се сопственици на ресторан и кафе барот во Скопје Север, како еден од најпопуларните угостителски објекти во општина Бутел.

Заедно со Зеколи Шаќири се сопственици на фирмата „Неар 2015“ која како подружница го поседува 1Sh lounge Bar во близина на „Порше Македонија“.

Тој од август 2024 фигурира како посебен советник за економски прашања и шеф на кабинетот на досегашниот министер за животна средина и вицепремиер Изет Меџити, кој во меѓувреме победи како нов градоначалник во Општина Чаир.

За Рама изминатиот период се пишуваше дека може да биде нов министер за животна средина како кадар на Меџити.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостителот од Чаир, Недим Рама, е поставен…

Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка…

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…

Германија повторно воведува воена служба: Младите бесни…

Германскиот Бундестаг денеска го одобри повторното воведување…

Словенец ја украде главата на Тито во…

Словенечката полиција пронајде маж кој ја „извади“…

Сепак пари немало! Собранието ја усвои Одлуката…

Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и…