Објавено на:

Украдени над 40 тела од мртовечниците во Алмати

t

Во деновите на вооружените смртоносни безредија во најголемиот казхстански град Алмати, биле изведени седум напади во градските мртовечници, од каде биле украдени повеќе од 40 тела на загинати, изјави во неделата Канат Тајмерденов, шефот на градската полиција.

„Не ги оставаа мртвите, со себе ги земаа и ранетите, тие денови имаше седум напади во мртовечниците, во кои е украдено 41 тело на загинат“ учесник во безредијата“, изјавил Тајмерденов.


Масовните протести во западен Казахстан запонаа на почетокот од годинива, во градовте Жаноазен и Актау каде жителите протестираа против удвојувањето на цената на евтините течниот гас. Набрзо протестите се проширија и во друг градови во западната провинција како и во поранешната престолнина и најголемиот град во земајта Аламати и се преворија во масовни грабежи, вооружен бунт и напади врз државните институции.

Казахстанските власти одговорија со прогласување вонредна состојба која на сила е до 19-ти јануари и повикување на помош на мировните сили од Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) на неколкуте поранешни советски републики предводени од Русија, чија мисија заврши на 13-ти јануари.

Според Обвединетите нации, во текот на протестите во Казахстан биле ранети најмалку илјада луѓе. Казахстанското министерство за внатрешни работи во саботата објави дека во насилните безредија загинале вкупно 225 лица, меѓу кои и 19 припадници на безбедносните сили, а дека ранети биле повеќе од 1.300 луѓе.

Казахстансксиот претседател Касим-Жомарт Токаев оцени дека станува збор за обид за нарушување на интегритетот на земјата во кој учестуваат „теористи, меѓу кои и пристигнати од странство“. Во обидот да ја смири ситауцијата во земјата, освен воената операција, Токаев нареди и враќање на „неправдано“ зголемените цени на горивата и вети дека ќе ги сослуша сите барања на граѓаните.

Токаев следните денови го презема претседателствувањето со Советот за безбедност од поранешниот тридецениски претседател Нулсултан Назарбаев, а неговите блиски соработници и членови на пошироко и потесни семејство се сменети од влијателни позиции во дражавните институции, енергетскиот и од безбедносниот сектор.

Во саботата властите на централноазиската земја богата со енергенси и ретки руди соопштија дека го привеле и уапсиле заменикот министер за енергетика, заедно со уште неколку високи владини и безбедносни функционери за коишто веруваат дека се одговорни за неоправданото зголемување на цените на пропанот и бутанот во западната провинција Мангистау како и за намерно оставање оружје на бунтовнички групи. Притоа најавена е и целосна реогранизација на безбедносниот систем во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Слава на Русија”: Заробени украински војници…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Венецуелски пратеник: Европа не може да ги…

Европа нема да може да ја замени…

Италија предлага “Киев да се седне на…

Италија, Унгарија и Кипар предлагаат последното коминике…

Русија потврди: Во воздушен напад бил погоден…

Руските војници отвораат два морски коридори за…

Вучиќ: Засега нема можност за воведување санкции…

Вучиќ од Давос: Засега нема можност Србија…