Украина бара јавен дeмант од хрватскиот претседател за „навредливите изјави“

t

„Изјавата на Зоран Милановиќ за настаните од Револуцијата на достоинството го навредува споменот на Украинците и странците кои ги дадоа своите животи за европската иднина на Украина. Изразено е длабоко разочарување поради изјавите на претседателот на Хрватска за членството на Украина во НАТО и несоодветноста на помошта за нашата земја во светло на руската агресија“, се вели во соопштението на Министерството.
Во Киев, тие истакнаа дека хрватскиот претседател покажал „ неблагодарност за помошта“ што Украина и Украинците „ ѝ ја дадоа на Хрватска за време на нејзината борба за независност “.
„Изјавите на Зоран Милановиќ ги пренесуваат наративите на руската пропаганда“, нагласуваат од украинското Министерство за надворешни работи.

Беше наведено и дека Министерството за надворешни работи на Украина бара јавно демантирање на овие навредливи изјави на претседателот на Хрватска и дека тие нема да се повторуваат во иднина. Соодветниот демарш ќе го испрати и амбасадорот на Украина во Загреб.
Милановиќ во вторникот рече дека хрватските власти ќе ги повлечат своите војници од силите на НАТО во Источна Европа во случај на конфликт меѓу Русија и Украина. Според него, таквата одлука нема да биде поврзана со Украина или Русија, туку „со динамиката на американската внатрешна политика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…

Ништо од мирот: Украински командант најави нова…

Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…

Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…

Цената на обновата на Украина од руската…

Нов исклучок за Украина: Првпат ММФ ѝ…

Украина ќе добие финансиска поддршка (кредит) од…