Украина вoopyжена „до заби“: Се трупаат американски пpoтивтенковски и пpoтиввоздушни pakeти од НАТО членките

t

Три членки на НАТО – Естонија, Литванија и Летонија – ќе испратат американски противтенковски и противвоздушни ракети во Украина, соопшти литванското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, Латвија и Литванија ќе испратат противвоздушни ракети „Стингер“, додека Естонија противвоздушни ракети „Јавелин“.
„Оваа поддршка треба да ги зајакне одбранбените способности на Украина“, се вели во соопштението, во кое се објаснува дека одлуката е донесена откако САД дале зелено светло да го испратат своето оружје во трети земји.

Воедно, чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека следната недела ќе и предложи на Владата испраќање тенковска муниција .

„Тоа би било донација, ја решаваме процедурата за што поскоро да се направи. Јасно и кажуваме на Украина дека сме со неа“, рече таа по средбата со министерот за надворешни работи Јан Липевски за ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на претседателот на Уганда: Викајте ме…

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба,…

Има надеж: Украина го објави условот за…

Официјален Киев вчера испрати важна порака поврзана…

Русија и Белорусија нема да пропаднат, велат…

Во Кремљ се одржа средба меѓу претседателите…

Само го нашле мртвото тело: Уште еден…

Уште еден во низата руски олигарси поврзани…

Ким Јонг Ун им се закани на…

Во севернокорејските државни медиуми САД и Јужна…