Украина им дозволи на граѓаните да носат огнено оружје за самоодбрана

Украинскиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.
„Усвојувањето на овој закон е целосно во интерес на државата и општеството“, изјавија авторите на нацрт-законот, пренесува „Ројтерс“.
Тврдат дека донесувањето на овој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасностите со кои се соочуваат граѓаните на Украина.
Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст меѓу 18 и 60 години, по указ на претседателот Вoлодомир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Донецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Несреќа во Куманово: Се застрелал додека си…
Вчера во 19.24 часот во СВР Куманово…
Захарова: Загрижениот Запад им праќа на украинските…
Малку е веројатно дека на Запад се…
Бугарија за половина година ѝ дала на…
Софија му предаде на Киев оружје во…
Обединетите нации загрижени за кршење на човековите…
Структурите за човекови права на ОН регистрираат…
Јотова стана миротворец: Се залага за преговори…
Бугарскaта потпретседателка Илијана Јотова се залага за…