Украина прво се откажа од НАТО, па се пишмани, сега повторно сака во НАТО

t

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавите на амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство, Вадим Пристаико, за наводната спремност на Украина да размисли за откажување од членството во НАТО за да се спречи евентуален конфликт со Русија, се извадени од контекст.

Ова се наведува во соопштението објавено од новинската агенција Укринформ, која се повикува на изјавите на портпаролот на украинското МНР, Олех Николенко.


„Несомнено, заради мирот и спасувањето на животите на нашите граѓани, Украина е подготвена да влезе во секој формат на дијалог со земјите и меѓународните организации. Во исто време, амбасадорот Пристаико со право забележа во интервјуто дека перспективата за приклучувањето кон НАТО е запишана во Уставот на Украина, но дека Украина во моментов не е членка на НАТО ниту на која било друга безбедносна алијанса. Затоа, прашањето за безбедносните гаранции е клучна цел за нашата земја“, подвлече портпаролот на МНР.

Според него, без сомнение, најдобрата безбедносна гаранција за Украина би била итен пристап во НАТО.

„Но заканите против Украина постојат овде и сега, така што наоѓањето одговор на прашањето за гаранциите станува итна и основна задача. Во исто време, не може да се донесе никаква одлука против Уставот на Украина“, рече Николенко.

Украинската амбасада во Обединетото Кралство исто така одговори со детали за изјавите на амбасадорот Вадим Пристаико дека земјата може да се откаже од членството во НАТО за да избегне војна со Русија.

„По серијата погрешни толкувања на разговорите меѓу амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство, Вадим Пристаико, и новинарот на Би-би-си, мораме да разјасниме дека плановите за влез во НАТО остануваат непроменети. Тоа е јасно регулирано со нашиот Устав. Сѐ додека Украина не е членка на алијансата, подготвени сме да разгледаме други договори, вклучително и билатерални, за да спречиме војна“, се вели во објавата на Фејсбук од украинската амбасада во Британија.

Амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство, Вадим Пристаико, навести дека е можно Киев да се откаже од својата кандидатура за пристап во НАТО, за да се спречи голем конфликт со Русија.

Амбасадорот рече дека Украина е подготвена да биде „флексибилна“ во однос на својата цел да ѝ се приклучи на западната воена алијанса, за што рускиот претседател Владимир Путин рече дека може да доведе до војна.

„Можно е, знаете, особено бидејќи така ни се закануваат, уценувани сме за тоа, и притиснати“, рече амбасадорот во интервјуто за Би-би-си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го напушта Болоњскиот процес: Ќе се…

Русија го напушта Болоњскиот процес, воведува унифициран…

Шамар од Холандија за Украина: Далеку сте…

Малку е веројатно дека Украина ќе добие…

(Фото) Падна уште еден град во Доњецк:…

Руските сили ја презедоа контролата врз градот…

(Фото) Руски бродови “обвинети” за кражба на…

На Твитер се објавени сателитски снимки од…

Уапсени војниците кои го критикуваа Зеленски: Ќе…

Украинските војници од 115-та бригада, кои одбија…