Украинската вицепремиерка тврди: Русите се плашат да го нападнат Азовстал
Важно е меѓународните медиуми јасно да ја сфатат вистината: Русите се плашат да го нападнат Азовстал, но во исто време свесно и цинично го блокираат ослободувањето на цивилите од Азовстал, со што се обидуваат да извршат дополнителен притисок врз нашата војска.
Ова денеска на Фејсбук го напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук во објава во која им се обраќа на меѓународните медиуми.
Таа вели дека во Азовстал има украински војници и околу илјада цивили.
– Таму има и нешто како коридори за да се предаде војската. Русите обезбедија еден, но не ни треба, бидејќи нашата војска не сака да се предаде. Исто така постојат и нешто како хуманитарен коридор за евакуација на цивилите од борбената зона. Ваков коридор од Азовстал ни треба за да ги евакуираме жените, децата и постарите лица, напиша Верешчук.
Според неа, „Русите одбиваат да отворат коридор за цивили, цинично преправајќи се дека не ја сфаќаат разликата меѓу коридор преку кој војската треба да се предаде и хуманитарен коридор за евакуација на цивили“.
– Но, тие го разбираат сето тоа. Само се обидуваат да извршат дополнителен притисок врз нашата војска, нагласи таа.
– Само неколку официјални руски претставници не се срамат да лажат дека е обезбеден хуманитарен коридор, но поради некоја причина нашите цивили не сакаат да го користат, напиша Верешчук и уште еднаш ги повика светските лидери и меѓународната заедница веднаш да ги вложат сите напори за отворање на хуманитарен коридор од Азовстал за жени, деца и стари лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…