Украинската делегација се надева дека е можен компромис
Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите за ставање крај на руската инвазија врз Украина, но компромисот е можен, изјави денеска членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак.
„Ќе продолжиме утре. Многу тежок преговарачки процес. Има суштински противречности. Но, секако, има простор за компромис“, напиша Подољак на Твитер.
Разговорите продолжија денеска, при што двете страни сигнализираа напредок.
Делегациите на Украина и Русија ги продолжија преговорите по техничката пауза, дадена вчера, кога почна четвртиот круг преговори.
Подољак вчера рече дека договориле „техничка пауза… до утре“.
Тој појасни дека паузата била потребна за да се изврши „дополнителна работа во работните подгрупи и разјаснување на поединечните дефиниции“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
„Росавијација“ ја објави причината за падот на…
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Сиљановска Давкова: Време е за храбар чекор…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во годишното…