Украинската aрмија продолжува да гаѓа цивилни објекти, по признавањето на независноста на ДНР и ЛНР од страна на Путин

Украинската армија четврти ден по ред интензивно ги гранатира позициите на Доњецката и Луганската народна република. Властите на овие републики беа принудени да објават евакуација на населението на територијата на Русија и да прогласат општа мобилизација. Доцна попладнево рускиот претседател Владимир Путин потиша указ за признаввање на независноста на Доњецката и Луганската народна република.
Утре наутро границите на републиките ќе ги чуваат вооружените сили на Русија
Заштитата на државната граница на Доњецката Народна Република ќе се врши со заеднички напори на договорните страни, тргнувајќи од интересите на сопствената безбедност, како и мирот и стабилноста. Договорните страни ќе склучат посебен договор за ова прашање – договор меѓу Руската Федерација и ДНР, аналогно на ЛНР.
Реакцијата на Западот за признавањето на Доњецката и Луганската народна република беше очекувана, индикативни беа последните два месеци, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Зарем не знаевме како ќе реагира? Секако дека сме. И ми се чини дека последните два месеци беа крајно индикативни . Лажеа, лажат и ќе продолжат да лажат“, изјави Захарова на радиото „Комсомолскаја правда“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…