Украинскиот град стравува дека ќе стане руска мета по пристигнување на борбени авиони Ф-16
Со својот замок, средновековна кула и плажа покрај река, западноукраинскиот туристички град Старокостиантив не изгледа очигледна цел за напади со руски ракети и беспилотни летала.
Но, големата воздушна база преку реката Случ го стави градот цврсто на нишанот на Русија – а локалното население стравува дека претстојното пристигнување на борбени авиони Ф-16 во Украина само ќе ги интензивира бомбардирањата.
„Ние сме многу нервозни поради пристигнувањето на Ф-16. Ако ги паркираат овде, бројот на напади само ќе се зголеми“, рече Олена Шпаченко, водич во историскиот музеј на градот, сместен во замокот од 17 век.
Киев вели дека напредните ловци од американско производство, некои веќе се префрлени во Украина, ќе и помогнат подобро да го заштити своето небо и да и се спротистави на Русија.
Русија го интензивираше бомбардирањето на украинските воздушни бази – вклучително и Старокостиантив, и вети дека ќе ги таргетира авионите Ф-16.
Во демонстрација на сила претходно овој месец, Москва погоди три украински аеродроми во три дена.
Повеќе од две години, Олена гледа како непријателските дронови и суперсонични ракети го „сечат“ небото ноќе.
Посочувајќи на низа делумно оштетени икони на античките религии кои висат над нејзиното биро, таа рече дека воздушната база е „толку блиску, што проектилите можат да стигнат до тука“.
Украина и нејзините западни партнери не дадоа никакви официјални индикации каде ќе бидат базирани ливците Ф-16.
Извор од западната одбранбена индустрија изјави за АФП дека аеродромот Старокостиантив, опремен со делумно подземни засолништа од советската ера — е идеален кандидат за тоа.
Жителите, навикнати на татнежот на авионите уште пред војната, велат дека тензиите во градот се зголемуваат.
„Властите одржаа голема вежба во случај на нуклеарен удар. Тие веруваат дека базата е главна цел за Москва“, рече Шпаченко.
„Се молиме ливците да не завршат овде“, додаде таа.
Дури и ако украинската противвоздушна одбрана пресретне руски ракети насочени кон базата, „остатоци ќе врнат врз градот“, вели вознемирено.
И покрај тоа што е на стотици километри од првите линии на фронтот, војната буквално виси над градот што локалното население го нарекува „Старкон“.
Мирисот на прав и керозин го пробива воздухот, а небото е „расфрлано“ со црни траги што ги оставиле млазниците.
Големи цистерни со авионско гориво се скриени во околните шуми.
Светлата во градот се исклучуваат ноќе, а војниците го пребаруваат небото, подготвени да соборат беспилотни летала со митралези.
Анатолиј, командант на мобилната противвоздушна единица, рече дека Русија ги засилила нападите во изминатиот месец.
„Русите сега користат касетна муниција со цел да ги оштетат авионите на земјата“, рече тој.
Експлозивот може да таргетира области што покриваат илјадници квадратни метри со една ракета.
На прашањето дали мисли дека ескалацијата се должи на можното пристигнување на Ф-16, Анатолиј се двоумеше, пред да се насмее: „Русите, тие будали, никогаш нема да погодат каде се“.
Војната, исто така, го наплати својот данок врз претходно енергичната туристичка индустрија во градот.
„Војниците, нападите… ги обесхрабруваат луѓето да дојдат. Дури и отпадоци од дрон паднаа на плажата“, рече Шпаченко.
Едно семејство на туристи „слушна авион како лета блиску до земјата, ги фрли своите работи и истрча до замокот“, раскажува Олена.
Многумина од Украинците кои дојдоа во Старокостиантив откако ги напуштија своите домови на исток заминаа веднаш штом го слушнаа првиот татнеж на борбен авион.
Желбата за преживување е посилна од потребата за одмор“, вели Шпаченко.
И покрај опасноста, некои мештани беа надвор, опуштајќи се под сенката на жалните врби или на малата плажа.
Валери, во неговите 70-ти, е тука толку долго што напамет ги знае звуците од моторот на различните авиони.
Сè уште секој ден оди на утринско капење во реката во подножјето на замокот.
„Се плашам од пристигнувањето на Ф-16. Не знам што ќе биде со градот ако завршат тука“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел за прв пат потврди дека стои…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за…
Ни претстои ладно време со дожд, од…
Денеска претежно облачно и студено со локални…
Ахмети вели: Ние нема да бидеме слуги,…
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пак се…
ВУЧИЌ УЧЕШЕ ОД ГРУЕВСКИ, НО ОВА НЕ…
Србија ја тресат студентски протести, а по…
Познат првиот кандидат за претседател на РФМ
Александар Стефанов, претседателот на РК Бутел Скопје…