Објавено на:

Украински удари длабоко во руска територија: Зеленски потврди напади врз две големи рафинерии!

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално го потврди успешниот напад врз рафинеријата во Славјанск, лоцирана во Кубанскиот регион во јужна Русија. Преку својот канал на Телеграм, тој соопшти дека украинските сили погодиле уште една клучна цел – рафинерија во Јарославскиот регион, која се наоѓа на дури 700 километри оддалеченост од украинската граница. „Секој од нашите напади со долг дострел ги намалува ресурсите достапни на руската воена машинерија и претставува чекор поблиску до мирот“, децидно порача Зеленски.

Јарослав под удар: Мета е една од најголемите руски рафинерии

Рафинеријата во Јарослав се вбројува меѓу најголемите постројки од ваков тип во Русија и во изминатиот период веќе неколку пати беше цел на украински напади кои бараа сериозни поправки. Локалните власти сè уште немаат излезено со официјална потврда за најновиот инцидент, иако гувернерот Михаил Јевраев претходно издаде предупредување за опасност од беспилотни летала и постави блокади на патиштата. Предупредувањето подоцна беше укинато, а видеата кои кружат на социјалните мрежи засега не го покажуваат целосниот обем на предизвиканата штета.

Жртви и разрушувања во Кубан: Соборени над 200 дронови

Ситуацијата е далеку појасна во јужниот регион Кубан, каде гувернерот на Краснодар, Венијамин Кондратиев, потврди дека едно лице го загубило животот во украинскиот напад со дронови. Покрај големиот пожар во рафинеријата во Славјанск, која има капацитет за преработка од 4 до 5 милиони тони нафта годишно, оштетени се и неколку куќи, далновод и гасовод. Оваа рафинерија е честа мета на Киев поради нејзината стратешка близина до анектираниот полуостров Крим. Размерот на оваа воена операција го потврдува и руската војска, која соопшти дека соборила дури 213 украински беспилотни летала ширум повеќе региони, вклучително и Иваново, североисточно од Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински удари длабоко во руска територија: Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално го потврди…

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба, доста…

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва имаше обраќање по…

Канада ја совлада Јужна Африка и првпат…

Не беше натпревар за фудбалските учебници, но…

Златото падна под 4.000 долари за унцa

Цената на златото останува под силен притисок…

Техеран возврати по нови американски напади –…

И покрај претходно постигнатиот договор за примирје,…