Објавено на:

Украинското разузнавање открти 620 руски шпиони низ Европа

t

Украинското воено разузнавање денеска ги објави имињата и податоците на 620 лица за кои се тврди дека се офицери на руската Федерална служба за безбедност вклучени во „криминални активности“ во Европа.

Во објава на руски јазик на својата официјална веб-страница, разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана наведе луѓе за кои рече дека се вработени во ФСБ регистрирани во седиштето на агенцијата во Москва.

„Вработените во ФСБ на Русија се вклучени во криминалните активности на државата-агресор во Европа“, се вели во соопштението, без да се споделат дополнителни детали за наводните злосторства.

Ги наведе имињата под фотографијата на московското седиште на ФСБ наследник на безбедносната полиција на КГБ од советската ера.

Ројтерс сепак не успеа да ја потврди информацијата. Русија веднаш не го коментираше списокот со имиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…

Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…

Германија размислува за повторно воведување на воен…

Во услови на дебата за зголемување на…

Макрон: Европа не може да биде вазал…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа…

Време е Европа да се ослободи од…

Дали стратешката автономија на континентот е реална…

Русија: Милитаризираната Европа го загуби правото да…

Европејците, кои тргнаа по патот на милитаризмот,…